Модул 5

Вовед

Социјалните вештини (вклучени меѓу таканаречените меки вештини) се дел од навиките на однесување кога станува збор за меѓучовечките односи. На овој начин, овој концепт се однесува на способностите што ги поседува една личност кога станува збор за водење разговор, состанок, конфликт или тимска работа, меѓу многу други примери.

Социјалните вештини како што се комуникациските вештини, организациските вештини и самомотивацијата, заедно со суштинските компетенции како што е писменоста, математичката писменост и дигиталните вештини, се од голема важност во сите сектори за работа. 

Социјалните вештини може да се групираат во:

(на пример презентациски и комуникациски вештини, организациски вештини, тимска работа итн.);

(на пример самодисциплина, ентузијазам, упорност, самомотивација итн.);

(на пример толеранција, отвореност, почитување на различностите, интеркултурно разбирање, итн.);

Вештините како што се креативноста, решавањето проблеми и флексибилноста, имаат поголем удел во регрутирањето и задржувањето на вработените во рамки на специфични сектори, заедно со капацитетот за промена и приспособување на нови и предизвикувачки ситуации. Тим, во кој членовите си веруваат едни на други, каде можат да се чувствуваат удобно за да ги искажат нивните идеи, да соработуваат за одредена работа, и да развиваат поединечни силни страни. Покрај тоа, тука постои и чувството на припадност во рамки на една група.

Преку овој модул ќе можете да ги подобрите Вашите социјални/меки вештини, заедно со подобрување на Вашите способности за тимска работа, свесност за родот и еднаквоста на работното место.

Овој модул вклучува и вокабулар на зборови што ќе Ви биде многу корисен во иднина.

На крајот има тест што треба да го направите за да дознаете дали добро сте ја научиле оваа лекција и дали треба уште малку да ја повторите. 

Забавувајте се со овој модул и уживајте во процесот!

Работилница за тимска работа и социјални вештини. Работилница за интеграција на работното место.

Во динамичниот свет со брзо темпо на секторите ХОРЕКА, тимската работа и социјалните вештини играат клучна улога во обезбедување беспрекорно работење на ресторани и други прехранбени објекти. Покрај кулинарската експертиза, способноста за заедничка работа и ефективна интеракција со колегите и клиентите е од голема важност. Во овој дел е дадено објаснување на значењето на овие вештини и материјалите што се потребни за постапување со нив, нудејќи увиди и практични совети за успех.

Во еден раздвижен ресторан, тимската работа е клучен дел од успехот. Разновидните улоги во хотел/ресторан/кафуле, од готвачи и послужувачи до домаќини и менаџери, бараат ефикасна соработка помеѓу поединците.

Подолу се наведени неколку клучни аспекти на тимската работа и социјалните вештини што се од суштинско значење во гастрономскиот сектор:

Менторство, поддршка на колеги, споделување совети едни со други, мотивација и интеракција со други: Способност да се биде ментор, да се дава поддршка и да се има ефективна интеракција со колегите е особено важно во една раздвижена кујна или ресторан. Ова поттикнува позитивна работна средина и овозможува соработка.
Преговарање и правење компромиси: вештините за преговарање и правење компромиси се особено важни кога се справувате со поплаки од клиенти, промени во менито или во разрешување конфликти на работното место. Во една раздвижена кујна, готвачите и персоналот мора честопати да се приспособуваат и да прават компромис за да овозможат лесна услуга и подготовка на висококвалитетна храна.
Раководење со тим: Раководењето со тим е важно за готвачи, готвачи на сосови и менаџерите на кујната што го надгледуваат работењето во кујната и персоналот. Ефективното раководење може да го мотивира и координира тимот во кујната и оној тим што работи во предниот дел, што доведува до подобра ефикасност и задоволство на клиентите. Силното раководење исто така помага во одржување високи стандарди за храна квалитет, услуга и безбедност .
Способност за работа во тим и флексибилно работење: Работата во тим и флексибилното работење е суштинско во гастрономијата, бидејќи тоа е средина во која се соработува и каде различните улоги треба лесно да се здружат. Персоналот во кујна и персоналот за послужување мора да работат заедно за да обезбедат дека храната се подготвува, сервира и послужува на конзистентен и ефикасен начин. Флексибилноста е важна кога се одговара на променетото барање на клиентите, приспособливост на непредвидливи настани, и почитување на диетските ограничувања.
Интеркултурна компетентност: Во мултикултурен контекст, како што е кујна, кафуле, хотели и друго, интеркултурните компетенции се важни за разбирање и почитување на разновидни позадини на колегите и клиентите.

Интеркултурната компетентност, исто така позната како вкрстено-културна компетентност или културна интелигенција, се однесува на способноста за ефективна интеракција, комуникација и работа со луѓе од разновидна културна позадина. Ова вклучува разбирање, ценење и приспособување на вредности, норми, однесувања и стилови на комуникација на поединци и групи од различни култури. Подолу се наведени неколку клучни аспекти на интеркултурна компетентност:

Интеркултурната компетентност започнува со свесноста за своите културни вредности, верувања и предрасуди. Таа исто така вклучува препознавање и почитување на културните разлики и сличности со својата култура и културата на другите.

Свесноста за комуницирање со поединци од различни култури вклучува користење јазик и невербални знаци на јасен начин со кој се искажува почит. Тоа исто така значи и отвореност за различни стилови за комуникација и приспособување доколку е потребно. 

Оваа вештина вклучува покажување почит и емпатија кон поединци од разновидна позадина. Ова вклучува избегнување стереотипи и свесност за потенцијално навредливо однесување или коментари.

Интеркултурната компетентност вклучува способност за приспособување на различни културни норми и практики. Ова може да вклучува промена на нечие однесување или пристап за да се биде поефективен во мултикултурен контекст. Потребно е да се има позитивен став кон нови ситуации и на нив да се гледа како на можност за промена и интеграција.

Разбирањето како да се постапува и како да се решаваат конфликти што се појавиле поради културни разлики е важен дел од интеркултурната компетентност. Ова вклучува наоѓање заеднички ставови и учтив дијалог.

Луѓето со интеркултурна компетентност честопати имаат глобален начин на размислување и може да гледаат на проблемите и можностите од поширока перспектива. Тие ја разбираат меѓусебната поврзаност на светот и важноста од разновидни перспективи.

Други релевантни социјални вештини што се корисни на работното место во ресторан/хотел/кафуле се следниве:

Coffee shop-bro

Јасната и концизна комуникација е од суштинско значење за непречениот проток на информации меѓу тимовите во кујната и во предниот дел од ресторанот. Ова вклучува вербална комуникација, писмени нарачки и невербални знаци.
Можеме да комуницираме и со невербална комуникација: тоа е еден вид комуникација што се прави преку невербални сигнали, како што се погледи, изрази на лицето и гестови, тоа е процес на размена на информации и пораки што го надминува семантичкиот јазик и вклучува гестови, држење на телото, просторно комуницирање, изрази на лицето и движење на рацете. Важно е да бидете мотивирани да учите различни јазици и култури, да бидете свесни за влијанието на јазикот врз другите и да бидете свесни за потребата да се разбере и да се користи јазикот на позитивен и општествено одговорен начин.

Гастрономијата се одликува со постојано променлива природа. Членовите на тимот мора да бидат флексибилни, да можат да се приспособат на различни оптоварувања со работа, ненадејни промени на нарачките и неочекувани ситуации.

Персоналот во ресторанот/хотелот/кафулињата мора да сочувствува и со колегите и со клиентите. Ова не само што обезбедува хармонична работна средина, туку придонесува и за исклучителни искуства на гостите.

Брзото размислување и вештините за решавање проблеми се неопходни, без разлика дали се работи за незгода во кујната, вознемирен клиент или неочекуван недостаток на намирници.

 Точноста и ефективно управување со времето гарантираат навремено послужување на јадењата и непречено одвивање на целиот процес на јадење.

Во кулинарскиот свет, креативноста е од суштинско значење за подготвување нови јадења, сервирање и презентација на храна и експериментирање со вкусови. Креативниот дизајн на менито може да го издвои ресторанот од конкурентите и да привлече разновидни клиенти. Креативноста се протега и на изнаоѓање уникатни решенија за предизвиците што може да се појават во една раздвижена кујна.

Ефективното планирање е од суштинско значење за да се обезбеди непречено функционирање во гастрономијата, вклучително и распоредување на персоналот, нарачување намирници и постапување со резервации. Готвачите и персоналот во кујната мора да планираат и да ја координираат подготовката на храната за да обезбедат навремена услуга и да го минимизираат отпадот. Менаџерите на рестораните треба да планираат маркетинг стратегии, буџети и настани за да го подобрат целокупното искуство на гостите.

Во раздвижен ресторан или кујна, истовременото вршење повеќе задачи е задолжително. Готвачите мора да работат на повеќе нарачки, да подготвуваат и да сервираат храна во исто време. Послужувачите честопати услужуваат неколку маси, примаат нарачки, служат храна и се грижат за потребите на клиентите. Истовременото вршење повеќе задачи обезбедува ефикасна услуга и задоволство на клиентите.

Гастрономијата е динамично поле, со еволуирачки кулинарски трендови, преференци во исхраната и очекувања на клиентите. Оние кои прифаќаат постојано да учат нови работи се ажурираат со најновите техники, состојки и желби на клиентите, зголемувајќи ја нивната вредност за работодавците.

Ресторанската индустрија може да значи работа под голем притисок и со брзо темпо. Справувањето со стресот е од суштинско значење за одржување на смиреноста, особено за време на шпицот. Персоналот кој се справува со комплицирани клиенти или неочекувани ситуации мора да остане присебен за да обезбеди одлична услуга. Управувањето со стресот е од клучно значење и за личната благосостојба и за квалитетот на дадената услуга.

Самоконтролата и издржливоста се тесно поврзани со справувањето со стресот и имањето позитивен став. Да се остане смирен под притисок, да се контролираат емоциите и соочувањето со предизвиците се од суштинско значење за ефикасно работење во гастрономијата. Издржливоста им помага на поединците да издржат долги смени, да се справат со комплицирани гости и да се приспособат на променливите околности.

За оние што работат како менаџери или сопственици на ресторани, претприемачкото размислување е критично за успех. Иновациите со уникатни концепти, модели на услуги или ставки од менито може да го издвојат ресторанот на еден конкурентен пазар. Преземањето самоиницијатива за да се идентификуваат можностите за подобрување и раст може да доведе до подобри искуства на клиентите и зголемена профитабилност.

Во секторите ХОРЕКА, каде што интеграцијата на трудот е клучна за успехот, тимската работа и социјалните вештини се незаменливи. Со вистинските материјали и посветеноста на поттикнување на овие вештини, хотелите/рестораните/кафулињата можат да создадат хармонична работна средина и да обезбедат исклучителни искуства кога станува збор за храна. 

Работилница за подигнување на свеста за родовата еднаквост

Инклузивноста се однесува на обезбедување еднакви можности, пристап и застапеност за поединци од различно потекло и недоволно застапени групи.

Сите ние сме пристрасни кога станува збор за родот, обликувани од културните стереотипи во пошироката култура, кои влијаат на тоа како се цениме и постапуваме едни со други. Самооценетата, имплицитна или несвесна родова пристрасност е исто толку распространета. Родовите предрасуди влијаат не само на тоа како гледаме и се однесуваме кон другите, туку и на тоа како се гледаме себеси и какви дејства преземаме како резултат на тоа. Од рано детство сме изложени на стереотипи што влијаат на нашите избори и однесување на моќни и честопати невидливи начини, насочувајќи нè кон одредени кариери и подалеку од другите.

Иако, традиционално, готвачката дејност долго време им се припишувала на жените, денес готвачите кои готват на високо ниво и кои се најприсутни на медиумите се главно мажи. Ова укажува на тоа дека родовата дискриминација постои и во гастрономските сектори.

За подобро да ја разбереме динамиката под влијание на неправедното практикување моќ, реално или претпоставено, поради динамиката на структурна и системска нееднаквост и сексистичка дискриминација, важно е да се спомене „стереотипната закана“ што може да ја искусат девојките кога се плашат дека ќе бидат осудени во однос на стереотип заснован на група. Заканата од стереотипот се јавува кога поединците од кои се плашат ќе потврдат негативен стереотип за групата на која припаѓаат (самоисполнувачко пророштво). Една од овие групи се жените. 

Кога негативните стереотипи за женските вештини им се нагласуваат на лицата што ги полагаат тестовите, тогаш опаѓаат достигнувањата на жените. 

Општо гледано, слушањето на сечие мислење е важно за да се осигури дека секој се чувствува уверен дека има збор, способноста да придонесат на нивото на кое се чувствуваат способни, избегнувајќи или спречувајќи навредливи ставови или создавање централизирано или егоцентрично лидерство, на штета на другите учесници кои се сметаат или се доживуваат како поранливи во однос на практикувањето моќ.

Стереотипите и предрасудите

Стереотипите и предрасудите

Стереотипите и предрасудите се важни културни фактори што можат да влијаат на застапеноста на жените. Стереотипите можат да бидат описни (какви се жените и мажите) или нормативни (какви треба да бидат жените и мажите). Родовите стереотипи имаат тенденција да ставаат поголема општествена вредност на мажите и да ја оценуваат способноста на мажите како поголема од онаа на жените.

Иницијативите како што се насочени стратегии за регрутирање, програми за менторство и мрежи за поддршка, имаат цел да поттикнат и задржат повеќе луѓе на сите полиња.

Дури и поединците кои свесно ги отфрлаат родовите стереотипи честопати сè уште имаат имплицитни родови предрасуди.

Од рано детство, културните стереотипи ги водат нашите избори и однесувања, насочувајќи нè кон одредени кариери што се чини дека најдобро одговараат на нашите интереси и способности и подалеку од другите.

Аргументот дека желбите и изборот на жените се делумно одговорни за полова сегрегација не наложува таквите желби да бидат вродени. Стремежите за кариера се под влијание на верувањата за нас самите (во што сум добар и што ќе уживам да правам?), верувањата за другите (што ќе мислат за мене и како ќе реагираат на моите избори?) и верувањата за целта на образовните и професионалните активности (како да одлучам со која област да се занимавам?). И овие верувања се дел од нашето културно наследство. 

Стереотипната закана е поттикната од знаците од околината што го предупредуваат поединецот за можноста да потврди негативен стереотип за групата на која таа или тој припаѓа. На пример, да се биде член на малцинска група, само по себе може да предизвика чувство на закана. 

Чувството на припадност може да има важно влијание дури и кога поединците не се свесни за тоа. 

Имплицитните родови предрасуди се поприсутни денес отколку експлицитните родови предрасуди и се чини дека долгорочно позитивните модели на улоги прават разлика. 

Микронееднаквостите

Микронееднаквостите се опишани како „очигледно мали настани што честопати не ги препознава сторителот и се случуваат секаде каде што луѓето се сметаат за „различни““. Примерите вклучуваат изрази на лицето, гестови, тон на гласот и суптилни дејства, како што се доделување на улогата на записничар на жена, а не на маж. Акумулирани со текот на времето, овие микронееднаквости можат да влијаат на самоконцептот на учениците, што пак може да влијае на нивниот избор на кариера. 

Микронееднаквостите покажуваат како дискриминацијата на училиште и на работното место е честопати суптилна и не е отворена во нејзината намера да наштети. Сепак, микронееднаквостите може да резултираат со зголемен стрес и чувство на исклученост кај жените.       

Добронамерниот сексизам

Добронамерниот сексизам е вкоренет во верувањето дека на жените им е потребна помош и заштита од мажите. Жените на кои се гледа како на топли, но некомпетентни суштества, најверојатно ќе искусат добронамерно сексистичко однесување, како што е да се нарекуваат „душо“ или да им се понуди помош за опасните аспекти на работата. Додека површински добронамерниот сексизам може да изгледа позитивен кон жените, неговите ефекти се сосема спротивни. Добронамерниот сексизам често не се смета за сексистички. Во некои случаи, тој се смета за позитивно, витешко однесување, и поверојатно е дека на добронамерните сексисти честопати се гледа како на личности со добро однесување за разлика од непријателските сексисти. 

Жените би можеле да почнат да се гледаат себеси како помалку способни професионалци од мажите, бидејќи тие се во интеракција во простор кој има тенденција да биде машки и има тенденција да го потценува она што се смета за женска особина или женски придонес во одредена област. Во исто време, мажите изразуваат значително поголема доверба во професионалната улога, доверба во стручноста и доверба во кариерата, за разлика од жените.

Во овој поглед, исто така е важно да се избегнат манипулативните ставови. Мажјаснувањето (машкото објаснување) укажува на понижувачки и патерналистички став со кој мажот ѝ објаснува на жената нешто очигледно, нешто за кое жената не бара совет или прашање за кое таа е експерт, на тон на кој се зборува со дете, со глупава личност или со личност која не разбира. Всушност, тоа е модел на превидување и отфрлање женски гледишта, знаење, искуства и гласови што треба да се избегнуваат…

Видео

Play Video

Тест

Funded by the European Union. Views and opinions expressed are however those of the author(s) only and do not necessarily reflect those of the European Union or the European Education and Culture Executive Agency (EACEA). Neither the European Union nor EACEA can be held responsible for them.Project Number – 2022-1-NO01-KA220-ADU-000089795

mk_MKMacedonian